
Марибор е шармантен град. Во него навистина секој може да си пронајде омилено место и начин да се забавува. На расположение на романтичарите е стариот град со неговите криви улички и прекрасна архитектура, како и огромниот градски парк. Градот е богат со модерни трговски центри, кои се рај за љубителите на шопинг. Љубителите на уметноста ќе ги посетат галериите и музеите и на карј сите тие ќе се соберат на чаша вино. Во Марибор виното не е само традиција, а магија, на која се препушта секој.
Ако сте во градот, обавезно посетете го хармот на винарската традиција и култура "Hisa Stare trte". Тука можете да дегустирате вина и да ги видите најстарите лозја во светот. Таа е запишана во книгата на рекордите на Гинис и е на околу 450 години. Опијанети и крилести, продолжете ја прошетката кон еден од најпријатните плоштади во стариот град - Сломшков. Тој потонал во зеленило, заобиколен од згради со уникатна архитектура, како тие на универзитетот и на словенскиот народен театар. Не пропуштајте да го разгледате столбот на чумата, да се насладувата на водата од стариот мости да седнете во некој од многубројните улични кафичи на централниот градски плоштад. Тоа е доста, за да се вљубите во Марибор и да саката да го запознаете целиот. Со сите тајни улички и типични места за средби на неговите граѓани.
Пред да си заминете, обавезно да се искачите на ридот Пирамида. Градската кула е висока 386 метри и кога ќе стигнете до неа, пред очите ќе ви се отвори панорамна глетка од целиот Марибор, заобиколен од лозја и сини облаци.