Мандурија

Мандурија, Италија

Мандурија е сметан за еден од важните центри на античката култура на месапите. Според Херодот тие потекнуваат од Крит. Мандурија е позната со производството на вино ''Примитиво ди Мандурија''. Исто така, во Мандурија има и музеј на виното ''Примитиво ди Мандурија'', каде можат да се видат примери за антички енолошки техники, раскажани преку инструментите, кои ја објаснуваат технолошката еволуција. Собрани се и инструменти и предмети од домаќинството, стари рамки, кревети и душеци полни со листови од пченка. Интересна етнографска изложба, се фокусира врз животот и обичаите на некогашното селско општество.

Современиот град е во близина до местото на древната Мандурија, каде се' уште може да се видат значителни остатоци од тврдини. Ѕидовите се двојни и изградени од правоаголни камени блокови, без хоросан, со широк ров однапред. Во 1886 г. се откриени и древни гробници со златни накити внатре.

Симболот на градот е кладенец со бадемово дрвце, растејќи во неговиот центар, кое било спомнато од римскиот автор Плиниј Стари во Историја Натуралис во 1 век н.е. Кладенецот се' уште може да се види и денеска, исто како што е опишан пред околу 2000 г., во кој бедемот се' уште се издига во неговиот центар.

Екскурзии и одмори до Италија »