Манаус

Манауш, Бразил

Манаус е град во Бразил. Расположен е на река Рио Негро и најважното големо пристаниште по текот на река Амазон. Тој е еден од најголемите осамотени и недостапни градови во светот. Во дијаметар од 800 км. наоколу нема село со повеќе од неколку илјадници жители. Од градот излегуваат само два патишта - на север и на југ. Останатите транспортни врски се остваруваат по воздушна или по водна линија. Изолираноста на градот помага во зачувувањето на неговата култура. Манаус се развива, благодарение на слободната економска зона. На територијата на градот има пристаниште на кое не се плаќа царина, како и аеродром. Се развива електрониката, се произведуваат хемиски продукти, се изнесуваат каучук, бразилски ореви, палисандров путер. Интересни објекти во Манаус се катедралата, операта, зоолошката градина, како и етнографскиот музеј.

Екскурзии и одмори до Бразил »