Манастирот ''Манасија''

Србија

Манастирот Манасија е изграден од деспот Стефан Лазаревич, син на Св. Кнез Лазар и кнегињата Милица. Се наоѓа во близина на град Деспотовац во Србија. Изградбата на главната манастирска црква, посветена на св. Тројца, започнува во 1407 година, во период на многу сложена политичка ситуација. Изградбата на манастирскиот комплекс трае повеќе од 10 години. Манастирот е опкружен со ѕидини, има 11 кули, манастирска трпезарија, која сега е во руини, простории за странци и фасцинантна Деспотска кула, висока повеќе од 20 метри. Деспот Стефан Лазаревич умира во 1427 г. Погребан е во црквата Св. Тројца во манастирот.

Екскурзии и одмори до Србија »