
Сао Бенто е манастир, кој се наоѓа на ридот Моро де Сао Бенто в Рио Де Жанеиро, Бразил. Бенедиктински монаси од Бахија го откриваат манастирот во 1590 година. Сао Бенто е една од најдобрите колонијални цркви во Бразил. Простата фасада крие барокен интериор, богато украсен во злато. Меѓу историските богатства се дрворезбите, проектирани од монахот Домингос да Консеишао. Сао Бенго е се' уште функционирачки манастир. Бенедиктинските монаси го заштитуваат манастирот и својата работа, исто така се стремат да ја зачуваат црквата да не биде само уште една туристичка атракција. Голема површина од манастирот, како и животот на монасите останува забранет за туристи, освен при специјални поводи. Интересен факт за манастирот е, дека финансиските ресурси, неопходни за изградбата на манастирот, доаѓаат од доходите преку производството на шеќерна трска врз имоти, контролирани од монасите.