
По Лин е будистички манастир, кој се наоѓа на остров Лантау, Хонг Конг. Манастирот е создаден во 1906 г. од три монаси, кои пристигнале од Ѕјансу. Првично манастирот се нарекувал ''Големата колиба'', преименуван е во 1924 г. со денешното име ''По Лин''. Гигантската статуа на Буда, завршена во 1993 г. е раширување на манастирот. Висока е 34 метри и е најголемата седечка статуа на Буда. Во главниот храм се наоѓаат три бронзени статуи на Буда, кои го претставуваат неговиот минат, сегашен и иден живот, како и многу будистички списи.