Манастир „Св. Крст“

Виена, Австрија

Скриен југозападно од австриската престолнина, во Виенската гора, манастирот ''Св. Крст'' привлекува многу посетители со својот шарм и убавина. СОснован е во далечната 1133 г., денес манастирот е вториот најстар цистерцијански манастир во светот. Во 1683 г. манастирот бил опколен од турската армија и опожарен. Во пожарот голема штета претрпува и богатата манастирска библиотека. По поразот на туркста армија и прогонувањето на турците, манастирот бил постепено обновуван и раширен. Денес манастирот претставува неверојатна комбинација од барок, готски и романски стил. Денес (во август 2017 г.) во манастирот живеат 102 монаси. Еден дл од нив работат како парохиски свештеници о 18 енории, други се занимаваат со наука или предаваат во вишето училиште при манастирот.

Екскурзии и одмори до Австрија »