Малме

Малме, Шведска

Малмо е третиот по големина град во Шведска по Сттокхолм и Гетебург. Градот е расположен на северниот брег на теснецот Јоресунд во Јужна Шведска и е главен административен центар на лен Сконе. Малме претставува важно пристаниште, а исто така има железнички јазол и аеродром. Населен е од околу 270 000 жители. Малме е основан во 1250 г. Тој е еден од 134-те градови во Шведска, кои имаат статут на историски градови. Во Малме постои и мост над теснецот Јоресунд,кој го поврзува градот со данскиот главен град Копенхаген. Тој е најдолгиот мост над водена површина во Европа. Во Малме се наоѓа зградата “Извитканото торзо“ (Turning torso), дело на шпанскиот архитект Сантијаго Калатрава, која е втората по височина станбена зграда во Европа. Облакодерот со височина од 190 м се наоѓа на брегот на теснецот Јоресунд.

Екскурзии и одмори до Шведска »