
Малака е град, кој се наоѓа на западниот брег на Малезискиот Полуостров. Градот кај туристите е познат со своите традиции, архитектура, култура и впечатлива кујна. Градот е откриен во 14 век и брзо се развива како трговско пристаниште за бродови од Кина и Индија. Во Малака се наоѓа и најстариот функционирачки храм во Малезија, исто така, градот е најстариот во областа. Таму се наоѓаат и различни забележителности, од најстарата Европска градба во Малезија, до кула од која се гледаат сите забележителности во градот.