
Макао е главниот град на административна област со специјален статут во рамките на Кина. Се наоѓа во јужниот дел на државата, расположен на истоимениот полуостров и два острови - Тајпа и Колоан во западниот дел на делтата на Бисерната Река. Островите се поврзани со мостови, долги меѓу 2,5 и 4,5 км. Населението изнесува околу 550 000 жители.
Градот е колонизиран од португалците во 1557 г. и е првата европска колонија во Далечниот Исток. При враќањето на поранешната португалска колонија кон Кина во 1999 г. Макао станува “главна административна област“ со гарантирана економска слобода, под паролата “Една држава - два системи“.
Историските забележителности на градот се резултат од мешавината меѓу кинеска и португалска култура. Стариот дел на Макао претставува лавиринт од тесни улички, со расположените по нив будистички храмови, средновековни тврдини и христијански цркви. Овие архитектурни забележителности и целиот историски центар се под заштита на УНЕСКО.
Макао е популарен како главен град на коцката, уште познат како “Монте Карло на Истокот“. Во градот работат голем број казина и локали за забава, најголемото од кое е казиното “Сендс Макао”.
Тука се одржуваат најразлични фестивали и натпревари - фестивал на уметноста, во март; меѓународен фестивал на огнометите, во септември; музички фестивал; маратон и др. Најголемиот број на туристи ги привлекува автомобилскиот натпревар Макао Гранд При, кој се одржува по улиците на градот.