Мазара дел Вало

Италија

Мазара дел Вало е град познат со своите традиции во риболовот. Тој е основан од феникијците и како многуте градови во Сицилија, историјата му е обележана од грчки, арапски и нормански освојувања. Во минатото бил важно пристаниште и се' уште е главен риболовен град. Пристаништето располага со најголемата флота од риболовни бродови во Италија. Мазара дел Вало е првото сицилијанско село кое паѓа под арапска опсада. Сега градот се гордее со живописна, оцртана од палми крајбрежна алеја, просперитетна рибарска индустрија и воодушевувачки стар дел, во кој се чувствува влијанието на Северна Африка. На Пиаца дела Република е собрана разновидна мешавина од барокни згради и други градби како Епископскиот дворец, катедралата и статуата на Сан Вито, како и на Пиаца Плебисчито со музејот Дел Саторио. Во повисокиот дел на градот се издига забележителна норманска црква Сан Николо Регале.

Екскурзии и одмори до Италија »