
Мадарскиот коњаник е единствениот камен релјеф во Европа од раното Средновековие. Се наоѓа на околу 1,5 км од село Мадара и на 20 км од град Шумен. Релјефниот камен, исечен е на 23 метри височина, во природна големина оцртува коњаник во движење, орел кој лета над него, куче и прободен со копје лав. Оваа композиција го симболизира триумфниот над непријателите бугарски владетел. Се смета дека овој релјеф е создаден помеѓу VIII-IX век - често се поврзува со хан Тервел.Неколку натписи околу релјефот ја потврдуваат тезата за прабугарското потекло. Релјефот има огромно културно и историско значење, не само тука, но и во целиот свет. Тоа се потврдува со неговото приклучување во списокот на УНЕСКО во 1979 г.