
Мадаба е град во Централен Јордан, расположен на 30 км. југозападно од главниот град - Аман. Населението од 65 000 жители го прави петтиот по големина град во државата.
Матаба е град со долга историја, која го води потеклото од неолитот, а во периодот од II до IV в. е под власта на Византиската и Рмската имеприја. Градот е богат со древни забележителности, како црквите ''Богородица'', ''Пророк Илија'', црквата на мачениците, имотот на Иполит и др.
Емблематчна за градот е грчката православна црква “Свети Ѓорѓи“, позната уште како картата на Матада поради мозаикот, која се наоѓа на подот на храмот. Уникатниот мозаик претставува шарена карта на Светите земји од византиската епоха.
Мадаба уште е познат како “Градот на мозаиците“, не само поради пронајдените многубројни византиски и римски мозаици. Денес во градот има Институт за уметност на мозаици и десетици работилници, кои се занимаваат со овој занает.