
Магеланг е еден од шесте градови во централна Јава, Индонезија. Се наоѓа меѓу планините Мербабу и Сумбинг. Населението брои околу 120 000 души. Најпознатата забележителност во Магеланг е будистичкиот споменик Боробудур, изграден во IX в. и напуштен во XIV в. при падот на будизмот во земјата и навлегувањето на исламот. Други забележителности се храмот Кангал и етнографскиот музеј. Многу згради во градот од времето на Холанѓанските Источни Индии станале историски забележителности, како музејот Пангеран Дипонегоро, посветен на принц Дипонегоро и изграден на местото, каде тој е уапсен од холандската колонијална влада за време на Јаванската војна во периодот 1825-1830 г. На градскиот плоштад има импресивна статуа на принц Дипонегорио.