
Лука - главниот град на истоимената провинција - е град, расположен во италијанската провинција Тоскана. Основан од етрурците, во 180 г. п.н.е., тој станува римска колонија. И досега правите улици во централниот дел го следат планот на старите римски улици. Централниот плоштад - Пиаца Сан Микеле е на местото на римскиот форум. Траги од амфитеатарот се' уште можат да се видат на Пиаца дел Амфитеатро. Последствено, за време на Византиската империја и во раното средновековие, градот го запазил своето стратешко значење во Централна Италија, особено во XIV век, при управувањето на Кастручо Кастракани (неговата биографија, напишана од Макијавели, е едно од најпознатите дела во своето време). До 1805 г. (кога е завладеан од Наполеон), Лука е вториот по големина град-држава во Италија (по Венеција) со републиканска форма на управување. Во XIX век тука е роден Џакомо Пучини - еден од најбараните италијански композитори. И до ден денешен во градот можат да се посетат многу споменици, поврзани со неговата богата историја: катедралата ''Сан Мартино'', црквите ''Сан Микеле ин Форо'', ''Сан Фердиано'', стариот амфитеатар, кулата-часовник, ботаничката градина, старите тврдини, академијата на науките, основана во 1584 г., родната куќа на Пучини.