Лувр

Париз, Франција

Лувр ја води својата историја од XIII в., кога кралот Филип-Август изградил солидна тврдина со одбранбена цел покрај Сена. Во XIV в. Шарл V ја доизградил тврдината, ја адаптирал за живеење и ја претворил во кралска резиденција. Со преместувањето на дворот во Версај од Луј ХІV, Лувр започнал да го губи своето значење, дури се разгледувани и планови за негово рушење, се додека не се донесе решение за да се претвори во музеј од светска величина. Во 1981 г., по одлуката на претседателот на Франција, Франсоа Митеран, во дворецот започнува реставрација. Многубројните посетители на музејот сметаат дека треба да се прошири и да се оптимизират влезовите. За таа цел влезот кон Лувр е целосно преизграден во 1989 г. - изградена е пирамида од прозрачно стакло, првенствено предизвикала значителни спорови и полемики за потребата на нејзиното постоење. Денес Лувр е еден од најпознатите музеи во светот, а во него се чува и оригиналот на можеби најпопуларната слика во светот - ''Мона Лиза'' од Леонардо да Винчи. Друг експонант со бесценета уметничка вредност е древногрчката статуа на Венера Милоска.

 

 

Екскурзии и одмори до Франција »