
Лос Анџелес е вториот најголем град (по население) во Сад по Њу Јорк. Се наоѓа во југозападниот дел на државата, на Тихоокенското крајбрежје.
Населението на градот е околу 3.8 милиони жители, а градската агломерација брои мад 12.8 милиони жители.
Лос Анџелес ги радува своите посетители со динамична, ексцентрична и неповторлива атмосфера. Во таа смисла, градот сам по себе е доста атрактивен, без да е неопходно да се посетуваат одделни забележителности. И сепак, во центарот на Ел Еј има два интересни музеи - природонаучниот и тој на науката и индустријата. Кинеската населба е исто така атракција за многу посетители на градот.
Емблематични за градот се исто така Холивуд и населбата „Беверли Хилс“, а центарот Гети, како и булевар Волшир предлагаат големо разнообразие од музеи и различни споменици на модерната култура.
За сите љубутели на топлото време и плажите треба да споменеме, дека средно Лос Анџелес се радува на 325 сончеви денови во годината.