
Град Лодз се наоѓа во Централна Полска и е третиот по големина град во државата. Главен град е на истоименото Лодзко војводство. Населен е од над 700 000 жители.
Лодз е основан во 1423 година, а пет века подоцна потпаѓа под валста на кралството Прусија. Преминувајќи низ различни историски етапи, градот е дури присоединет од нацистите кон Германија, а во околината се наоѓало еврејско гето. По 1945 г. Лодз повторно е во границите на Полска.
Меѓу забележителностите во Лодз се еврејското гето од Втората светска војна, кое денес работи цело време и без влезна такса, како и еврејското гробиште, кое е најголемото во Европа.
Интерес меѓу туристите буди улицата Потрковска, која е пешачка зона со многу ресторанти, музеи и галерии, а околните згради се изградени во стил Арт Нуво.