Ликата

Ликата, Италија

Ликата е пристаништен град на јужното крајбрежје на Сицилија при устието на река Салсо, која се влева во Средоземно Море. Расположен е на скоро еднакво растојание меѓу други два интересни градови на островот - Агриџенто и Гела. Денес Ликата е добро развиено пристаниште, кое во ХХ век извезува богатства, добиени во регионот. Првите податоци за населување на територијата на Ликата се од 3 век п.н.е., кога преселници од растечката Гела се населуваат таму.

Веднаш биле изградени храмови, плоштади и ѕидини. Просперитетот на новиот град, уствари се должел на природното пристаниште, образувано од падина на брегот. По Првата пунска војна градот е под влијание на римјаните. По падот на Римската империја, селото е заземено од византијците. Од овој период датира и зачуваниот до денес историски центар во близина на крајбрежната тврдина Лимпиадос. Од 827 г. арапите ја завладејуваат Ликата и остануваат таму скоро 2 века, до доаѓањето на норманите. Со нив дошол и период на процветување на градот. Населението достигнало 7000 жители, и покрај тоа паѓа под влијание на арагонците. Ликата започнува да се развива повторно во 16 век благодарение на преселници од Малта, кои го рашириле и го доизградиле градот. Во овој период се изградени и многу од барокните згради. Пристаништето започнува активно да тргува со зрно.

Екскурзии и одмори до Италија »