Ливингстон

Ливингстон, Замбија

Ливингстон е град во Јужна Замбија, крстен по шкотландскиот истражубач Дејвид Ливингстон. Се наоѓа во јужната провинција на државата, на која е и главен административен центар. Расположен покрај река Замбези, до границата со Зимбабве. Основан е во 1905 г. по изградбата на железничкиот мост над река Замбези. И покрај тоа што туризмот е најголемиот сектор во економијата, градот има добро развиена индустрија, која го вклучува производството на ткаенини, хранителна, преработка на дрво и мебелна индустрија. На 11 км. јужно од Ливингстон се наоѓа водопадот Викторија.

Екскурзии и одмори до Замбија »