Ливерпул

Ливерпул, Велика Британија

Ливерпул е град во Северозападна Англија, кој се наоѓа блиску до река Марси. Населението на градот е околу 800 000 жители. Градот е важен рпистаништен центар, во кој се развива бродоградбената дејност.

 

Во Ливерпул има две големи катедрали - англиканска и католичка. Англиканската катедрала е изградена од црвен песочен неоготски стил во периодот 1902–1978 г. и е најголемата на Островот. Католичката катедрала е завршена во 1967 г. и има модерен вид со кружна форма. Други попознати забележителности се зградата на пристаништето, зградата на парохијата „Кунард“ во стил на италијански дворец, зградата „Ливер“, изградена како зграда на компанијата „Ројал Ливер“, на чијшто врв е поставена бакарна скулптура на птица ливер, која е симбол на градот.

Екскурзии и одмори до Велика Британија »