
Лесковац е град во Југоисточна Србија, административен центар на Јабланшкиот округ. Градот е расположен во централниот дел на Лексовачката котлина и е еден од центрите на Поморавието. Лесковац има околу 90 илјади жители, кое го прави втор по големина град во Источна Србија по Ниш.
Град Лесковац се наоѓа во подножјето на ридот Хисар. Низ градот тече малата река Ветерница, а исто така и важните транспортни линии - железничката линија Белград - Скопје - Солун, како и магистралата Белград - Солун. Денес Лесковац е пред се' културен центар. На неговата територија има многу основни и средни учулишта, како и еден факултет на Нишкиот универзитет. Во Србија, а и кај нас, градот е пред се' познат со својата скара - т.н. лесковачка скара. Секоја година, на почеток на месец септември, тука се одржува фестивалот Роштилијада - празник на лесковачката скара. Фестивалот се посетува од над 300 000 посетители секоја година.