Лесбос

Лесбос, Грција

Остров во североисточниот дел на Егејско Море, расположен во блиско соседтсво на Мала Азија. Тој влегува во составот на нома Лесбос, кој е дел од територијата на Република Грција. Лесбос е третиот по површина грчки остров и 8-ми во Средоземно Море. Населението е околу 90 000 жители, една третина од кое живее во главниот град - Митилини. Климата на островот е типично средоземноморска. Бреговата линија е 320 км. Локалното население се занимава со земјоделтсво и туризам. На островот се произведува светски познатиот пијалак - узо. Се одгледуваат пченица, плодови и зеленчуци. Изградена е патна инфраструктура, која да одговара на потребите на илјади туристи, кои пристигнуваат тука секоја година - има аеродром и фериботни линии. Остров Лесбос е прекрасна комбинација меѓу природата и културните забележителности.

Екскурзии и одмори до Грција »