
Лептис Магна е древен град во Либија - еден од најдобро зачуваните древни градови во светот. Основан е од феникијците во 8 век п.н.е., после кое потпаѓа под власта на Картагина, но својот расцвет градот го достигнува по неговото завладејување од Рим. Раскопките на градот започнале во 1911-1912 г. од група италијански археолози. Во руините на градот се наоѓаат триумфалната арка, извори, стар и нов форум, театар и амфитеатар.