
Ласа е главниот и најголемиот град на автономната област Тибет, која се наоѓа во Тибет. Расположен е во Хималаите на 3 660 м. надморска височина на брегот на река Ласах. Ласа е еден од највисоките градови во светот со населние од околу 560 000 жители.
Во превод од тибетски името на градот значи “Свет град“ или “Место на боговите“. Во Ласа во секоја улица и зграда е присутна духовност и мистика. Најзначајниот споменик, кој денес е претворен во музеј, е зимскиот дворец и седиште на духовниот водач на тибетскиот народ Далај Лама. Палатата Портала е тринаесеткатна зграда од XVII в., поставена на стрмен рид, која го одзема вниманието со илјадници прозорци, бело-црвени карпи и златни покриви.
Груга главна забележителност е храмот Џокханг, кој е изграден пред повеќе од 1300 години. Тој претставува будистички храм со над 200 статуи од Буда, анјголемата од кои се наоѓа во внатрешноста и постојано се осветлува од пламенот на илјадници кандила. Лобито на Џокханг секогаш е преполно со поклоници, кои деноноќно се молат, за да заслужат и придобијат религиозни заслуги. Во близина на храмот се наоѓа шумниот пазар Баркхор, на којшто занаетчиите и земјоделците ја предлагаат својата продукција.
До Ласа може да се стигне по “Магистралата на дружбата“ од Катманду, Непал, за околу 2 денови, но неповторливите глетки, големиот број на споменици, храмови и манастири во овој мистичен град и неговата околина целосно го оправдуваат овој обид.