
Лас Вегас е најгусто населениот град во сојузната држава Невада. Сосем парадоксално, имајќи предвиде, дека е изграден врз пустина, името во буквален превод од шпански значи „плодородни земји“.
Центар на коцкањето во САД, на големите казина, Лас Вегас е рекламиран како атрактивна пестолнина на светот, добро познат како Град на гревот, благодарение на легализираното коцкање, служењето на алкохол во секое време и различни орми на забава за возрасни. Блескавиот вид на градот го прави привлечно место за снимање на филм и телевизиски емисии. Местата за снимање се едни од забележителностите на овој прекрасен град.
Во градот се издвојуваат танцувачките фонтани на хотел Белаџио, копија на Ајфеловата кула, хотел ''Париз'', пресоздадена Венеција со канали. Главните објекти за посета се наоѓаат во близина на источниот дел на градот. Вегас е познат и како градот на Елвис, поради учествувањата на кралот на попот во 60-те години.