
Ларнака е град во југоисточниот дел на остров Кипар. Населението му брои околу 80 000 жители. Градот располага со важен аеродром. Крајбрежната алеја го носи името на Атина авенија, а покрај неа се наоѓа плажата Финикудес. Стариот аквадукт исто така го буди интересот на туристите. Третото најсвето место на муслиманите, по Мека и Медина, се наоѓа во Ларнака - џамијата Хала Султан Теке. Комплексот се состои од џамија, музолеј, гробје и станбени објекти. Градот ги фасцинира посетителите со сончевото време, културните забележителности и егзотичните плажи.