
Лалибела е град во Северна Етиопија, тој е второто свето место во државата. Познат е по своите карпести цркви од 12 век, кои се зачувани и до денес. Изграден е од цар Лалибела, кој сакал градот да биде вториот Ерусалим, откако Ерусалим бил преземен од муслиманите во 12 век. Ето зошто некои историски згради ги користат имињата и обликот на некои ерусалимски згради.