
Град Лагуш се наоѓа во истоимениот залив на атлантскиот океан, во близина на местото, каде реката Бенсафрим се влева во океанот. Населението на Лагуш е околу 18 000 жители. Градот е познат со прекрасните песочни плажи, магичното пристаниште, прекрасните панорамни глетки, вкусна кујна и гостопримливи жители. Прекрасно место за прошетка по брегот на морето или екстремна авантура по карпите низ рачно издлабени скали. Интересна забалежителност во градот е Праса ду Инфанте - местото на првиот во Европа пазар на робови во 1444 г. Улива “Барока“ е пријатно место за прошетка - поплочен тротоар, украсени со мозаик со морски приказни. Се разбира, во градот има неколку цркви, кои датираат од XIV и XV век, кои се реставрирани и во моментот изгледаат така, како што изгледале во минатото - највпечатлива од нив е таа на Св. Себастијан, која се наоѓа на висок рид со прекрасна панорама кон градот и океанот.