Ла Бока

Буенос Аирес, Аргентина

Ла Бока е населба во Буенос Аирес. Расположена е во југоисточните делови на градот. Населбата е наречена така, поради тоа што се наоѓа до устието на река Ла Плата - во превод "ла бока" значи "устие". Локалитетот на денешната населба е местото, каде Педро де Мендоса ги положува основите на градот во 1536 година. Во 19 век тука се населуваат италијански емигранти најмногу од Џенова, кои го придаваат денешниот вид на населбата. Тие ги обоиле куќите во различни бои, при што не им достигнала боја за целата куќа. Како последица на тоа станало традиција и боите станувале се' поразлични и јарки. Во Ла Бока се наоѓа стадионот на еден од најпознатите аргентински фудбалски клубови „Бока Хуниорс“. Во него ја започнал својата кариера легендарниот Марадона.

Екскурзии и одмори до Аргентина »