
Зградата се наоѓа во еврејската населба и е изградена во 1606 г. Рембранд ја купува куќата 1639 г. кога е на врвот на славата и се населува во неа заедно со својата сопруга. 21 година подоцна тој банкротира и е принуден да ја продаде и да се пресели во сиромашната населба “Јордан“, сите негови предмети се распродадени на плоштадот. За целта е направен јасен опис на неговите неговите предмети, благодарение на кое денес се знае како и со што бил декориран домот на познатиот сликар. Во куќата можат да се видат 245 од 280-те гравури, кои Рембранд ги остава после себе. Нешто повеќе - десетте соби на куќата до голема степен успеваат да ја пресоздадат атмосферата на необичниот и на моменти многу тажен живот на генијалниот сликар. Секоја од собите е реставрирана во 1999 г., за максимално да се доближи до автентичниот облик од средината на 17 век.