
Каса Мила е порачана на Гауди од индутриалецот Пере Мила. Позната е и по името Ла Педрера - кеменоломот, поради сивата камена фасада. Изградена е во периодот меѓу 1906 - 1910 г. Ова е еден од најдобрите проекти на Гауди - нов, амбициозен и функционален и една од последните завршени од него објекти пред да се посвети целосно на Саграда Фамилија. Карактеристично за кужата е дека, ниту еден од ѕидовите не е права и за тоа време предизвикувало многу критика и подсмев кај општествените слоеви во Барселона. Забележителна е брановидната фасада на зградата, дополнувана од грижливо оформени железни балкони, каде секој од нив е различен од останатите. Една од најголемите атракции е необично големиот број оџаци по покривот на куќата, кои локалните луѓе го определуваат како ''злите танцувачки вештици''. Во продолжение на децениите, овај исклучителен објект беше оставен на својата судбина, додека во 1984 г. УНЕСКО ја објави за дел од Светското културно наследтсво. Во 1986 г. куќата станува седиште на Caixa de Catalunya – најголемата банка во овој дел на Шпанија. По 10 години реставрација, во 1996 г. зградата е отворена како културен центар и за брзо време станува една од најголемите забележителности на градот.