Кутаб Минар

Делхи, Индија

Кутаб Минар е највисоката кула, не само во Делхи, но и во цела Индија. Размерите се впечатливи: височина 73 метри, дијаметарот во основата е 14.3 метри каде што кон врвот се стеснува 2.7 метри. Инспирација е добиена од велечественото Џамиско минаре во Авганистан. Во 1192 г. првиот владетел на Делискиот султанат Кутуб уд-Дин Ајбак, ја започнува изградбата на Кутаб Минар. За жал успеал да го изгради само првиот спрат на кулата. Целата кула е составена од пет делоци (катови), разелени еден од друг со тераси, кои се зацврстени со мајсторски украсени камени тули. Наследникот на султан Ајбак и негови зет, Илтутмиш, ги направил вториот и третиот кат, а последните два (кои биле од бел мермер и малку поразличен стил) биле направени од Фируз-шах Туглак. Шер-шах Сури додава влез кон кулата за време на неговото владеење. Целиот комплекс Кутаб Минар се состои од минаре, џамијата Куват-Ул-Ислам, железниот кол, гробницата на Илтутмиш.

Комплексот е изграден врз останките на Лал Кот - Цитадела во древен Делхи. Според персискиот натпис изгравиран на источниот влез, џамијата е изградена од деловите на дваесет и седум хиндуистички и џајнски храмови, кои биле разрушени.

Внимание заслужува и металниот столб висок 7,21 м. и тежи малку над 6,5 тони, кој според легендата е даден од андрагупта II Викрамадитја (375 – 414 г.).

На крајот на комплексот лежат останките од незавршеното минаре - Алај Минар, започнато од Alauddin Khalji. Тој имал амбиција да створи минаре двојно поголемо од Кутаб Минар, но поради неговата смрт во 1316 г., изградбата не била продолжила. Но основите се огромни и достаточно елоквентно ја покажуваат визијата за величие на тогашното време.

Екскурзии и одмори до Индија »