
Кулата Белем е еден од симболите на Лисабон. Изградена е во карактеристичниот за Португалија мануелитски стил во периодот 1515 - 1521 г. во чест на експедицијата на Васко де Гама и се претвора во еден од симболите на градот и на португалската моќност во епохата на Големите географски откритија. Кулата е меморијал на загинатите во војните, водени од Португаија. Има вечен оган со чувар и споменик, а на ѕидините се изгравирани имињата на загинатите. Во 1983 г. кулата и блискиот манастир “Жиронимуш“ се објавени за споменици под заштита на УНЕСКО.