
Малку луѓе знаат, дека во самото срце на Загреб, на околу 100 метри од плоштадот ''Бан Јелачич'', некогаш имало мост. Овој мост бил основната врска меѓу Каптол и Градец, двете мали градчиња, од сливањето на кои се образува денешен Загреб. Низ средновековието, тие чето војувале помеѓу себеси. Спорните прашања биле поврзани со заедничкото користење на водите на потокот Медвешчак, кој ги разделувал двата градови, како и со различни политички проблеми. Се стигнува дури дотаму, дека во1397 г. епископот на Каптол на жителите од Градец им забранува да се причестат. Многуте несогласувања меѓу двата градови прераснуваат во жестоки и крвави битки. На Божик по немилосната битка во 1667 г. тој бил наречен Крвав мост. Во 1899 г. по регулацијата на потокот, Крвавиот мост станал непотребен и е разрушен. Сега на површината нема трага од река или мост, но улицата, изградена на местото на некогашниот мост, исто така се нарекува Крвав мост.