
Кралскиот дворец се наоѓа на плоштад ''Плебишито'' во град Наполи, Јужна Италија. Тој е една од четирите резиденции околу Наполи на краловите од династијата на Бурбонитр, за време на нивното управување на Кралството на двете Сицилии (1734 - 1860 г.). Самата зграда е изградена во 17 век од архитектот Доменико Фонтана во барок стил. Интериорот и екстериорот непрекинато се обновувал и се модернизирал. Во втората половина на 18 век се додава ново крило кон дворецот, во кое од 1927 г. е сместена Националната библиотека Виктор Емануил II. Во 1837 г. пожарот уништува многу од собите на кралскиот дворец, кое ја налага наговата реставрација во периодот 1838 - 1858 г. Во 1888 г. кралот на Италија Умберто I, ја променува фасадата на зградата, со тоа што става статуи на видни владетели на Наполи. Тие се подредени во хронолошки ред, започнуваат со Роџер Норман и завршуваат со Виктор Емануил II. Денес Кралскиот дворец функционира како музеј.