Кралскиот дворец "Ескоријал"

Мадрид, Шпанија

Кралскиот дворец и манастир во Сан Лоренцо де Ел Ескоријал или накратко Ескоријал е монументален архитектурен комплекс, кој во себе ги обединува кралскиот дворец, манастир и библиотека, кој се наоѓа во градчето Сан Лоренцо де Ел Ескоријал, на 45 км. северозападно од Мадрид. Дворецот е изграден при управување на крал Филип II Шпански. Изградбата му започнува во 1563 г. и завршува во 1584 г. Ова е архитектурен ансамбл, кој ги обединува функциите на два, постоечки дотогаш, самостојни архитектурни комплекси со огромно значење за шпанската историја: кралскиот августински манастир ''Сан Лоренцо де Ел Ескоријал'' и ''Ла Фреснеда'' - кралски ловечки дом на неколку километри од него, користена од шпанските кралови. Во 16 и 17 век ''Ескоријал'' истовремено функционира како манастир и како официјална резиденција на шпанските кралови. Палатата ја дели апсолутна моќ на шпанската круна и надмоќноста на католицизмот во Шпанија. Во 1984 г. е вклучен во Списокот на УНЕСКО за светско културно наследтсво. Во моментов комплексот е една од најпопуларните забележителности во околината на Мадрид. 

Екскурзии и одмори до Шпанија »