Краков

Краков, Полска

Краков е град во Јужна Полска, расположен на река Висла и во подножјето на ридот Вавел. Административен центар на војводтвото “Мала Полска“. Населението брои 750 000 жители.

 

Краков за прв пат се сппомнува во 985 г. во белешките на трговецот Ибрахим ибн Јакоб, кој го опишува како богат град, заобиколен од гори, во кој се сечат важни трговски патишта. Денес една од најважните забележителности е замокот Вавел, кој е расположен на истоимениот рид над историскиот центар. Дворецот се издига над брегот на живописната река Висла, а на целиот рид е изграден комплекс од готски и ренесансни згради. Катедралата Вавел со својот уникатен изглед ја крунисува убавината на целата севкупност од средновековни згради.

 

Интерес претставуват 14-вековните тврдини и ѕидини, кои се наоѓаат во населбата Кажимеж. Тука се наоѓаат стари синагоги, како и готска катедрала, во која се погребани полски кралеви.

 

Во градот има многу музеи и галерии со богат ликовен фонд. Во Краков се наоѓа еден од најстарите универзитети во Европа, основан во 1364 г. - Јагелонскиот.

Екскурзии и одмори до Полска »