Котор

Котор, Црна гора

Расположен во најдлабокиот дел на неверојатниот Которски Залив (Бока Которска), Котор не би можел да се радува на поконтрасни пејсажи. Укрепениот стар град се стуткал во подножјето на ридот Свети Иван и планинскиот масив Ловчен, а улиците како лавиринт ве изненадуваат со кафичи, цркви и ресторанти на зафрлените плоштади. Надвиснатите над градот планини осигуруваат заштита на целиот залив. Во северниот дел на градот тече кусата, но бујна река Шкудра, а во западниот дел се наоѓа изворот Гудрич. Нема точни податоци за настанувањето на градот, но археолозите сметаат, дека бил изграден врз останките на древниот град Акрувиум. Според древногрчката легенда, градот е основан по мисијата на аргонаутите во барање на Златното руно.

 

Котор е влучен во списокот на светското културно наследство на УНЕСКО поради важната улога во уметноста и културата на Балканот во средновековието, како и поради забележителната морска традиција на важно пристаниште со најстарата документирана се' уште постоечка морска гилдија во светот. Во градот ќе успеете да го осетите влијанието на средоземноморската култура и венецијанската архитектура.

Екскурзии и одмори до Црна гора »