
Кордоба е град, создаден од римјаните на место со стратешко значење - горното течение на река Гуадалкивир, од каде по воден пат шпанските продукти - масло, вино и пченица се испраќани кон древниот Рим. Најславните години за Кродоба започнуваат со нејзиното превраќање во престолнина на маварското кралство Ел Андалус, кога е започната и изградбата на познатата џамија ''Мезкита''. По неколку векови на раширување и обновување таа се претвора во една од најголемите во светот. Кога градот е повторно завладеан од христијаните во 1236 г. новите управнци на градот биле толку восхитени од нејзината убавина, што решиле да ја зачуваат и ја изградиле својата катедрала меѓу арките и колоните, каде што по тој начин создале необичен христијанско-муслимански комплекс. Освен со уникатната катедрала-џамијата Кордоба е позната уште и со тврдината - Алказар од 1328 г., одбранителната тврдина Калаора и древната еврејска синагога. Стариот дел на градот е лавиринт од криви, тесни уличи, прекрасни дворови и живописни плоштади. Првенствено еден од најголемите градови Римската империја, поселдователно претворен во срце на исламот на запад, денес Кордоба е типичен шумен модерен град со својата атмосфера, воодушевувачки забележителности и културно наследство.