
Копривштица е мал град, кој се наоѓа во срцето на Средна гора. Денес тој е живописен архитектурно-историски резерват, кој на посетителите им предлага уметнички, архитектурни и етнографски објекти во типичен бугарски преродбен стил. Во XIX век населението на градот се зголемува поради големиот број на трговци и занаетчии. Тоа ја прави Копривштица еден од најконкретните примери за економски и културен живот во периодот на Преродба во Бугарија. Најистакнати знаменитости се Ослековата куќа, Љутовата куќа и кучите-музеи на Тодор Каблешков, Димчо Дебељанов, Георги Бенковски и Љубен Каравелов-нема ниеден град во Бугарија, кој е родно место на таква плејада од забележителни личности, како Копривштица. За љубителите на екологичниот туризам, блиската планина нуди мноштво еко-патеки.