Колосеумот

Рим, Италија

Колосеумот, кој се гледа од сите ридови на градот, е еден од најпознатите споменици на стриот свет. Изграден е во 70 г. од императорот Веспасијан, но не бил отворен се' до 80 г. Тука се собирале 50 000 луѓе во времето, кога населението на Рим било околу 200 000. Вистинското име му било Амфитеатарот на Флавиј. Се смета, дека име му произлегувало од ''колосален'' - поради колосалната статуа на Нерон со височина од 34 м., која била подигната во близина. Малкумина знаат, дека за гладијаторските битки и борби со животни, Колосеумот се користел и за морски битки, при што за целта арната се полнела со вода. По падот на Римската империја тој е ограбен и е претворен во каменолом, од каде се добивале материјали за градење. Дури во 18 век, папата Бенедикт го објавува за објект со национално значење.

Екскурзии и одмори до Италија »