Колоната на чумата

Виена, Австрија

Колоната на чумата на ул. ''Грабен'', во центарот на Виена е барокна скулптурна композиција, посветена на Светата Тројца. Подигната е во 1693 г. како благодарност за избаувањето од чумната епидемија во 1679 г. - еден од најтешките моменти од историјата на австриската престолнина. Црната смрт,  како што многумина ја нарекуваат, усмртува над 75 000 жртви само во Виена. Врз дизајност на статуата работеле многу познати претставители на австрискиот барок, завршувањело им одзело цели 10 години. Внатрешноста на колоната е направена од тули, а скулптурите и релјефните форми се од позлатен мермер.

Фигурите во основата на кулата ја симболизираат победата на верата над болеста, е средниот дел ја прикажува фигурата на молечкиот император Леополд.

Статуата завршува со златни херувими на врвот.

Екскурзии и одмори до Австрија »