
Киото е град во Јапонија со население од 1,5 милиони жители. Во минатото бил главен град на Јапонија, сега е главен град на префектурата Киото. Градот се смета за главен културен центар на државата. За време на Втората светска војна, кога Јапонија била подложена на бомбардирање, околината на Киото со неговите 1600 будистички храмови и 400 шинтоистки светилишта не бил засегнат.