Кејптаун

Кејп Таун, Јужно Африканска Република

Кејптаун е вториот по големина град во Република Јужна Африка, по Јоханесбург. Тој е административен центар на провинцијата Западен Кејп и законодателна престолнина на државата, така што тука е седиштето на Парламентот на ЈАР. Кејптаун се наоѓа во јужниот дел на државата, блиску до 'ртот Добра надеж. Тој е првиот град, основан од европејци во 1652 г. во афричкиот југ, поради кое често е нарекуван ''градот мајка''. Кејптаун се вбројува кон најубавите градови во светот и е најпосетуваниот град во Јужна Африка. Најмногу е познат поради забележителностите како Тејбол Меунтин (''планината маса''), 'ртот Добра надеж и Кејп Поинт.

Екскурзии и одмори до Јужно Африканска Република »