Кесон

Кесон, Северна Кореа

Град Кесон се наоѓа на само 8 км. од границата со Јужна Кореја и околу него е расположена заедничка индустриска зона на двете Кореи. Оваа област е многу мала, но многу важна стапка кон постигнувањето на мир и проследено од евентуално обединување на овие две соседни држави. Во последно време заедничките деловни-потфати на Кореите се поставени под знак прашалник, поради новите разлики во политиката на двете влади... Кесон е град со богата историја. Тој бил престолнина на Кореја за време на династијата Коро. При доаѓањето на власт на династијата Чосон во 1392 г., престолнината е преместена и Кесон започнува да го губи културното значење. До 1951 г. градот влегува во составот на провинцијата Конги-до, но при неговото заземање од севернокорејските војски станува главен град на новообразуваниот регион Кесон. Во 1955 г. Кесон е организиран како директно управуван град. Во 2002 г. мал дел од градот и регионот образуваат специјален индустриски регион, а останатиот дел е присоединет кон провинцијата Северен Хванхе. Населението на Кесон изнесува околу 350 000 души. Тоа го прави еден од најголемите градови во државата. Локалното население се одликува со фактот, дека зборуа на сеулски, а не на пхенјански дијалект на корејски јазик.

Кесон е центар на лесната индустрија во КНДР. Околу градот е концентрирана кожарска, дрводобивна, хранително-вкусова и текстилна индустрија. Има и фабрика за изработка на накит и преработка на скапоцени камења. Блиску до Кесон има стопанства за одгледување на зрнести култури и женњен. Градот е расположен на главниот пат меѓу Сеул и Пхенјан, и располага со средноголем аеродром како за граѓански, така и за воени цели. Еден од најстарите универзитети во Кореја, Коро Сонгјумван, се наоѓа во Кесон. Основан е во 992 година. Во градот исто така се наоѓаат комунистички универзитет и колеџ за уметности. Библиотеките се неколку. Историскиот музеј има богата колекција од времето на доцниот период на династијата Коро до Корејската војна. Кесон е познат со големиот број на дворци и храмови, будистичко наследство, павилјонот Манвол, гробницата на владетелите Вангон и Конмин. Има останки од други дворци, а на 24 км северно од градот се наоѓа водопадот Пагон и замокот Техун.

Екскурзии и одмори до Северна Кореа »