Керманшах

Иран

Керманшах е град во Западен Иран, расположен на 526 км. од главниот град Техеран и на 120 км. од границата со Ирак. Градот има малку над 820 000 жители. Пред неколку века низ Керманшах минувал Патот на свилата, а населението се занимавало со трговија и земјоделство. Блиску до градот се наоѓа Бехистунскиот натпис на цар Дариј I, кој е вклучен во списокот на УНЕСКО за светско културно наследство. Во современиот град денес има три универзитети, а меѓународниот аеродром Шахид Асхрафи Исхафани има летови кон целиот свет. Благодарение на благопријатните климатски услови на плодородната долина Сараб и истоимената река, во околината на градот се одгледуваат најразлични плодови и зеленчуци со одличен квалитет.

Екскурзии и одмори до Иран »