
Керкира или Крф, е главниот град на истоимената грчка префектура. Градот со население од скоро 30 000 жители е меѓу објектите на светското културно наследство под егидата на УНЕСКО од 2007 г. Се наоѓа на мал полуостров. Стариот град на Крф преставува лавиринт од тесни улици - пријатни, чисти и шарени со мешавината од грчка и западноевропска архитектура и култура. Тука се издигаат двете тврдини "Палео Фрурио" и "Нео Фрурио", како и дворецот “Св. Ѓороѓи и Св. Михаил“, во кој денес е сместен Музејот на азиска уметност - еден од музеите со најбогата колекција од различни примероци на уместност од Индија, Кина, Кореја, Јапонија. покрај централниот плоштад “Еспланда“ е галеријата “Листон“ - копија на паришката улица “Риволи“, забележителна со кафичи и со атмосферата од XIX в.