Керак

Керак, Јордан

Керак е град во Западен Јордан, кој се наоѓа на 140 км. јужно од главниот град Аман. Расположен е на плато со триаголна форма, кое се издигнува на 300-400 м. над околната територија. Населението брои околу 20 000 жители.

 

Керак некогаш бил дел од Ерусалимското кралство, а подоцна се развил како упориште за витезите крстоносци. Селото се наоѓа на 1000 м. надморска височина, им давала можност на своите жители да го видат со голо око Мртво Море.

 

Најважните забележителности во древниот град се кулите Бурж ал Захир, Бурж ал Банави и Бурж ал Сауб. Овие масивни градби се наоѓаат во различни краеви на тврдината, која го обиколувала селото од сите страни и го заштитувале од непожелни посетители и непријатели.

 

Денес во градот може да се разгледаат археолошкиот музеј, кој се наоѓа во стар замок и предлага богато изобилство од артефакти и исламскиот музеј Мазар, во кој може да се видат експонанти, кои ја претставуваат традицијата и културата на исламското население.

 

Интересни за туристите се исто така музолеите на пророк Нух, на пророкот Сулејман, како и на Зајд ибн ал Хусеин, кој е правник на пророкот Мухамед.

Екскурзии и одмори до Јордан »