
Кањонот Колка е два пти подлабок од Големиот кањон во САД и за разлика од него е пригоден за живот и земјоделство. Кањонот Колка има неколку имиња - Изгубениот град на инките, Долината на чудата, Долината на огнот и Земјата на орлите. Арекипа е вториот по големина град во Перу, почетна точка кон уникатниот природен феномен - Кањонот Колка. Карпите кријат многу пештери, во кои инките ги чувале хранителните залихи на империјата, Прокопувајќи тераси по теренот. Храната била поставувана во специјални цилиндрични садови, нарелени ''колакс'', кои го дале името на кањонот. Тука можат да се видат уникатните животински видови, но зачудувачка природна атракција е летот на кондорите. Крстот на кондорите е локалитет, каде топлите воздушни струи рано наутро ги собираат огромните птици, чијшто замав на крилата достигнува величествени 3 метри. Кањонот го сечат речните брзаци на река Колка, мегнет за екстремен рафтинг. Огнените фанови на спуштањето со гумено бродче по громогласната вода доаѓаат специјално тука, за подигање на својот адреналин.